Четириесет и осумгодишен државјанин на Австрија беше уапсен вчера во Јерисос на Атос, поради одгледување на садници марихуана, како и за складирање и поседување на дрога од овие билки.
Во негова сопственост тој имал околу 30 стебла марухуана високи и до два метра, во близина на плажата Ксиропотамос.
Денес плантажата ја посетиле полициски службеници кои заплениле 30 стебла марихуана, како и 17 килограми и 347 грама суров канабис и електронски ваги.