Регион 05. февруари 2019. / 13:03

Во петок во грчкиот Парламент ќе се гласа за протоколот за членство на Македонија во НАТО

Во петок во грчкиот Парламент ќе се гласа за протоколот за членство на Македонија во НАТО

Протоколот за членство на Македонија во НАТО во четврток ќе биде доставен и ќе го разгледа надлежната Комисија за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент, а во петок ќе се најде пред грчките пратеници на пленарна седница, по што ќе биде и гласањето, соопшти претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидено е и Комисијата и пленарната седница да траат по еден ден.

За да биде изгласан протоколот, потребни се 151 глас, а се очекува дека сите пратеници кои гласаа за ратификацијата на Договорот од Преспа, да го поддржат и членството во НАТО.