Регион 26. јули 2018. / 12:16

Во Грција земјотрес

Во Грција земјотрес

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска грчкиот остров Самос, наведе грчката новинска агенција АНА.

Агенцијата додаде дека потресот се случил во 10.18 часот, на длабочина од десет километри, а епицентарот бил на плажата Маратокампос. Земјотресот се почуствувал ширум островот.

Инаку, Грција и понатаму е во шок поради катастрофалните пожари кои го опустошија предградието на Стина и во кои според последните информации настрадаа најмалку 80 лица.