Регион 26. септември 2018. / 13:26

Во Бар уапсени тројца Албанци со 65 килограми марихуана

Во Бар уапсени тројца Албанци со 65 килограми марихуана
архива

Барската полиција уапсила двајца државјани на Албанија откако во нивниот автомобил пронашла 64,8 килограми марихуана, а поради сомневање дека им помагал, уапсено е и уште едно лице исто така државјанин на Албанија.

Полицијата го блокирала Бар и запрела повеќе возила, меѓу кои и „Ауди ку-7“ со албанска регистрација, кое се обидело да избегне контрола.

Полицијата детално го прегледала возилото во задниот дел, каде пронашла и одзела две црни торби во кои се наоѓале пакувања со содржина на билна материја со темнозелена боја, за која се претпоставува дека е опојна марихуана со тежина од 64,769 килограми, соопшти полицијата.

Тие се уапсени поради сомневање дека направиле кривични дела, неовластено производство, поседување и пуштање во промет на опојни дроги, како и кривично дело – помагање.