Регион 11. ноември 2020. / 11:15

(ВИДЕО) Загинаа четири лица во судир на грчки танкер со турски рибарски брод

(ВИДЕО) Загинаа четири лица во судир на грчки танкер со турски рибарски брод

Најмалку четири лица загинаа, откако пред шест часот утрово, во близина на Караташ, во областа Адана во Турција, се судриле грчки танкер со турски рибарски чамец, соопштија од крајбрежната служба на Турција.

Рибарскиот чамец се превртел, а спасувачките тимови, ги извлекле безживотни тела на четири од петте лица во чамецот, а акцијата продолжува за да се пронајде уште едно лице, кое се води за исчезнато.

Причините за несреќата, што се случила на 15 наутички милји од брегот, сѐ уште се непознати.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, танкерот што пловел под грчко знаме е со 27 членови на екипажот, од кои 13 се Грци.