Регион 04. ноември 2019. / 16:00

(ВИДЕО) Петмина уапсени по судирите со полицијата на протест на учениците и студентите во Атина

(ВИДЕО) Петмина уапсени по судирите со полицијата на протест на учениците и студентите во Атина

Петмина се приведени по инцидентите меѓу полицијата и група демонстранти што избија за време на протестот на студентите и учениците во центарот на Атина.

До инцидентите дојде кога група маскирани лица ја нападна полицијата со дрва, предмети и молотови коктели на што специјалните полициски сили одговорија со шок бомби и солзавец. Тензиите траеа кусо, а маскираната група нанесе материјална штета на автобуски постојки, додека, пак, по завршувањето на протестот бил пронајден и ранец со молотови коктели.

На студентите кои речиси секој седмица протестираат, денес им се придружија и учениците. Демонстрациите се против промените кои владата ги воведува во образованието, а голем дел од нив веќе се изгласани од грчкиот Парламент.