Регион 24. јануари 2020. / 21:39

(ВИДЕО) Нови детали за силниот земјотрес во Турција: Има срушени згради и загинати!

(ВИДЕО) Нови детали за силниот земјотрес во Турција: Има срушени згради и загинати!

Силниот земјотрес што ја погоди Турција, предизвика општа паника во повеќе турски градови, притоа принудувајќи жителите да ги напуштат своите домови и да излезат на улица.

Земјотресот од 6,8 степени, покрај предизвиканата материјална штета, како што потврди министерот за внатрешни работи на Турција, за сега однесе и четири човечки животи.

Епицентарот бил на 218 километри од турскиот град Газиамтеп и 34 километри од Елазиг.