Регион 04. март 2021. / 11:43

(ВИДЕО) Нов силен земјотрес утрово регистриран во Грција

(ВИДЕО) Нов силен земјотрес утрово регистриран во Грција

Откако вчера областа Лариса беше погодена од силен земјотрес од 6.3 степени по рихтер, тлото речиси и да не мирува.

Според најновите информации и утрово силен земјотрес ги вознемири жителите на ова место, а истиот бил со јачина од 4.6 степени по рихтер.

Инаку тлото не мируваше во текот на вчерашниот ден и ноќ, а истото се тресеше буквално на секој половина час.

На социјалните мрежи кружат и видеа направени во текот на вчерашниот ден, а на истите од дрон се гледа како градот се соочува со многу срушени згради и домови кои се буквално срамнети со земја.