Регион 03. март 2021. / 12:50

(ВИДЕО) Граѓаните испаничени ги напуштија домовите: Први снимки по земјотресот во Грција

(ВИДЕО) Граѓаните испаничени ги напуштија домовите: Први снимки по земјотресот во Грција

Силен земјотрес со јачина од 6.2 степени по Рихтер го погоди градчето Лариса, во централна Грција, во 11 часот и 16 минути. Земјотресот беше почувствуван речиси на целиот Балкан а и кај нас. Според зборовите на Битолчани, се работеше за чуден земјотрес кој траеше долго и беше силен по јачина, многумина пријавуваат дека дури им се слошило од тресењето.

Граѓаните на Грција сепак најмногу го почувствуваа земјотресот па испаничени ги напуштија своите домови, додека само неколку минути подоцна следуваа уште четири силни земјотреси, од кои најјакиот беше со 5.2 степени според Рихтер.

По социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од силниот земјотрес на кои се гледаат граѓаните во масовен број на улиците.