Регион 07. август 2020. / 21:56

(ВИДЕО) Бугарската полиција ги тргна шаторите на демонстрантите во Софија

(ВИДЕО) Бугарската полиција ги тргна шаторите на демонстрантите во Софија

угарската полиција утринава ги отстранила шаторите на демонстрантите од крстосниците низ Софија, јави бугарската агенција БГНЕС. За помалку од еден час, сите шатори и личниот багаж на демонстрантите биле пренесени на тротоарите. Според неофицијални информации, некои од демонстрантите биле уапсени.

Антивладините протести во Бугарија започнаа пред еден месец, а блокадите со шаторите на улиците во повеќе градови се поставија пред десетина дена. Јавниот израз на незадоволство во Бугарија почна откако бугарското јавно обвинителство изврши претрес на кабинетот на претседателот Румен Радев и уапси двајца негови соработници.

Демонстрантите ги обвинуваат функционерите на власт за врски со мафијата, ограничување на слободата на говор, одбивање да се борат против корупцијата и да го реформираат судството. Се бараат оставки од премиерот Бојко Борисов и од јавниот обвинител Иван Гешев, како и одржување на фер избори.

Демонстрантите уживаат поддршка од опозициските социјалисти и од претседателот Румен Радев, кој се смета за иницијатор на демонстрациите.