Регион 03. март 2021. / 20:01

Вечерва нов земјотрес со јачина од 5,1 степен во Грција

Вечерва нов земјотрес со јачина од 5,1 степен во Грција

Серијата земјотреси во близина на грчкиот град Лариса продолжува и вечерва. Во 19:24 часот беше регистриран нов земјотрес со јачина од 5,1 степен со епицентар од 30 километри западно од Лариса.

Денеска имаше најмалку 20 земјотреси во истата област со јачина од над 3 степени, а барем десетина беа и над 4 степени.

Најсилниот беше во 10.16 часот со 6,3 степени, што придонесе за материјална штета во Лариса и другите помали градови во околината.