Регион 21. мај 2018. / 16:53

Уапсени четири лица за нападот врз солунскиот градоначалник

Уапсени четири лица за нападот врз солунскиот градоначалник

Лицата, од кои едно малолетно, ќе бидат изнесени пред јавен обвинител и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир, нанесување телесна повреда и предизвикување штета, јавуваат грчките медиуми.

Грчката полиција уапсила четири лица поврзани со нападот на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

Лицата, од кои едно малолетно, ќе бидат изнесени пред јавен обвинител и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир, нанесување телесна повреда и предизвикување штета, јавуваат грчките медиуми.

Бутарис беше вербално и физички беше нападнат од група националисти додека полагаше венец на манифестацијата за одбележување на годишнината од геноцидот на пондските грци, кој се одржа во центарот на Солун.