Турските војници испукале барем еден предупредувачки истрел, а потоа нишанеле кон германските и грчките стражари кои патролирале на границата со Грција на 28 април, се вели во ексклузивниот извештај на германското списание „Дер Шпигел“.
Германските патроли се дел од европската гранична стража (ФРОНТЕКС), кои распоредија во Грција околу 100 офицери, меѓу нив и 20 Германци, долж границата Еврос во март, како дел од таканаречената „РАПИД“ интервенција на барање на Атина.
Цитирајќи интерен документ на „Фронтекс“, германското списание пишува дека „еден турски војник истрелал предупредувачки истрел во 07:15 часот. во вторникот вечер додека германски офицер бил на другата страна на границата“.
Германскиот граничар, наводно, слушнал истрел од турската страна на границата и веднаш се сокрил.
Преку двогледи, германските граничари виделе турски војник како нишани со автоматско оружје кон грчката страна од другата страна на брегот на реката.
– Тогаш турскиот војник го покажа средниот прст од десната рака и се врати во својот шатор. По кратко време, се појавија уште шест турски војници и повторно го насочија своето оружје кон германските и грчките граничари, се вели во документот до кој дошол германскиот весник.