Регион 07. февруари 2019. / 12:49

Тачи: Му честитам на целиот политички спектар во Северна Македонија за НАТО протоколот

Тачи: Му честитам на целиот политички спектар во Северна Македонија за НАТО протоколот

Претседателот на Косово Хашим Тачи го поздрави вчерашното потпишување на Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО, оценувајќи го како „победа на западните вредности и напредок на регионот кон евроатланските интеграции“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Постигнувањето сеопфатен договор меѓу Косово и Србија, напиша денеска Тачи на својот Фејсбук, „ќе биде следниот чекор кон затворањето на конфлитките во регионот“.

– Му честитам на целиот политички спектар во Северна Македонија за ова постигнување, кое несомнено ќе донесе повеќе мир, стабилност и безбедност во нашиот регион. Додека, пак, сеопфатниот договор меѓу Косово и Србија ќе биде следниот чекор кон затворањето на конфлитките во регионот и отворањето на патот кон зачленувањето (на Косово) во Обединетите нации, НАТО и Европската унија, порача Тачи.