Регион 07. јули 2019. / 09:56

Ситуацијата се заострува: Дачиќ го повика на разговор бугарскиот амбасадор во Белград

Ситуацијата се заострува: Дачиќ го повика на разговор бугарскиот амбасадор во Белград

Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи на Србија, синоќа го поканил на разговор првиот човек на дипломатската мисија во Белград за да се „разјаснат“ некои работи откако српскиот министер порача дека има да му каже нешто на Борисов во врска со заедничкиот став на ЕУ за Косово.

Имено Борисов на новиот шеф на европската дипломатија Хозе Борел, според Дачиќ, му порачал да го почитува ставот на ЕУ за Косово а не на неговата земја, Шпанија, која не ја признава независноста на Косово.

-Изјавата на бугарскиот премиер не се однесува на квоти за риболов или за квалитетот на српското сирење во преговори со Европската унија, туку се однесува на прашањето за територијалниот интегритет на Србија – рече Дачиќ во изјава за Танјуг.

Србија со Бугарија како соседна земја сака добри, пријателски и сојузнички односи, што значи високо ниво на разбирање од најважните интереси на двете земји и двата народа…

Како што се имаме разбирање за прашањето на бугарскиот национален идентитет, јазик Гоце Делчев, така и очекуваме разбирање за значењето на прашањето на Косово за српскиот народ.

-Српкиот МНР уште еднаш потсети дека таквите изјави мора да бидат прецизни бидејќи ставот на ЕУ за Косово е неутрален, пренесе Б92.

Бугарски медиуми јавуваат дека „само неколу часа по скандалозната изјава на Дачиќ“ вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева наредила амбасадорот на Србија во Бугарија да биде повикан во понеделник во бугарското МНР.

Причина за ова искричење на релација Белград-Софија , бил одговорот на бугарскиот премиер Борисов на новинарско прашање во Познањ, како ќе се одрази на евроинтеграцијата на Западен Балкан номинацијата на шпанскиот министер за надворешни работи, Јозеп Борел за висок претставник на ЕУ за надворешна политика бидејќи неговата земја не го признава Косово.

– Во однос на високиот претставник – кога ќе се заземе таква важна позиција, последното што треба да го правиш е да го заштитиме својот национален интерес, додека треба да се штитат интересите на целата Унија. Ако биде избран Борел, тоа не значи дека мислењето на Шпанија ќе биде меродавни за другите земји за кои го признавме Косово“ – одговорил Борисов, како што пренесува БГНЕС.