Регион 26. октомври 2018. / 10:36

Силен земјотрес во Грција, издадена тревога за цунами

Силен земјотрес во Грција, издадена тревога за цунами

Грчкиот остров Закинтос, ноќеска 30 минути по полноќ, го погоди силен земјотрес од 6.8 степени според рихтеровата скала. Земјотресот бил почувствуван и во југо-западниот дел од Македонија, во Албанија и во Италија.

Сеизмолошкиот центар во Грција соопшти дека е издадена тревога за цунами.

„Нивото на морето се менува и се формира цунами“, се наведува во пораката.

Епицентарот на земјотресот бил на 290 километри западно од Атина и на длабочина од 10 километри во Јонското море. На овој земјотрес претходеле и серија мали земјотреси, а мали земјотреси биле забележани и после големиот потрес.

Биле причинети помали материјални штети, распукала земјата на пристаништето во Закинтос, имало неколку одрони, а во маркетите биле регистрирани паднати производи на подот. Засега нема информации за повредени лица.

Грчката влада веднаш донесе одлука да бидат затворени училиштата поради земјотресот, а нема да работат и државните институции на овој остров.