Силен земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, го потресе централниот дел на Србија.
Земјотресот се случил во 13:48 часот. Епицентарот бил во близината на Крагујевац и Чуприја, на ненаселено место на длабочина од 5 километри.
Бил почувствуван и во Ниш и околината, како и во Белград, но со послаб интензитет.
Денеска земјотрес од 4,6 степени според Рихтер бил почувствуван и во Русија во Владикавказ во близина на границата со Грузија.