Силен земјотрес беше регистриран нешто пред 9.30 часот утрово (по локално време), со епицентар во морскиот дел меѓу грчките острови Крит и Китира.
Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Грција, земјотресот бил со јачина од 6.1 степен според Рихтеровата скала.
Земјотресот беше особено почувствуван на островот Крит, а првично нема пријави за повредени лица или материјална штета.
Иако епицентарот беше на над 250 километри од Атина, земјотресот беше почувствуван и во грчката престолнина.
Грчките медиуми претходно информираа, според првични информациии, дека земјотресот бил со интензитет од 5,8 степени.