Албанскиот премиер Еди Рама во реакција по силниот земјотрес што ја погоди земјата оценува дека земјата се нашла во драматичен момент, но дека заедно ќе се справат со катастрофата.
– Ова е драматичен момент, треба да ја зачуваме смиреноста, да бидеме еден до друг и заедно да се справиме со состојбата. Ние ќе сториме се и со нашите големи пријатели ќе ја надминеме оваа ситуација. Храброст!Трпение! Солидарност – напиша Рама на Фејсбук.
Поради тоа што во земјотресот има жртви, Рама порача дека дека целата држава е на нозе.
– Од силниот земјотрес има сериозни последици и, за жал, загубивме животи. Сите државни структури се во функција уште од првите моменти по потресот. Интензивно се работи на неколку фатални места во Драч и Туман за да се спаси секој можен живот – наведува Рама,кој од рано утринава е во Драч.
Според албанскиот Институт за сеизмологија, во период од четири часа регистрирани се повеќе од 100 потреси.