Регион 04. јануари 2020. / 08:40

Рама: Ние сме на страната на САД

Рама: Ние сме на страната на САД

По американскиот воздушен напад во Багдад, во кој бeше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани со реакција се јави и албанскиот премиер Еди Рама.

Тој во статус на Твитер изразува целосна подршка за САД, наведувајќи дека „Албанија е на страната на САД“.

– Како земја што неодамна ја призна неправедната активност на Иран против слободниот свет и јасно се дистанцира од неа, Албанија не може енергично да не го одобри ставот на претседателот Трамп против еден злонамерен активист на режимот на Техеран. Ние сме посветени на САД и се надеваме дека сите ќе го направат тоа, напиша Рама.

Претходно, најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ПД), преку соопштение ја искажа поддршката за „ангажираноста на САД во борбата против тероризмот“.

– Одлуката на претседателот Трамп за напад врз еден од архитектите и предводниците на терористички активности е силен чин на лидерство и заштита на демократските вредности и мир. Демократската партија, сега во опозиција, а утре на власт, во секое време, е на страната на САД, се наведува во соопштението на ПД објавено на Твитер.