Амбициознит план на Реџеп Таип Ердоган, Турција 2023, чини околу 1,5 трилиони долари, и според него Турција би требала до 2023 година да биде прва сила во регионот (па и пошироко) на полето на одбраната, финансиите, индустријата, транспортот, туризмот, енергетиката, здравството, образованието…речиси во сите сектори.
На полето на финансиите, турција планира создавање на 2-3 големи банки, кои би имале филијали од Босна, па се до Пакистан. Банките воглавно би кредитирале купување на технички стоки од турско производство, како и недвижнини изградени од турски градежни компании, односно би тргувале на берзата во Истанбул за клиенти од сите околни земји.
На полето на одбраната, моментално Турција ги тестира супер-соничните авиони Јорум и Киркмаз, од сопствено производство, кои во употреба би биле пуштени во 2020 година. Со нив, Турското воено воздухопловство би се зголемило за 30%. Тенкот АЛТАЈ е веќе реалност, и со него Турција планира да го зголеми бројот на тенкови за 20%. Реалност е и против-воздушниот систем ХИССАР, борбениот хеликоптер Х129, лесното оружје по НАТО-стандарди САРС-ЈИЛМАЗ, а моментално се тестираат и беспилотните бомбардери БАЈРАКТАР и ОРУШ. Во план е изработка и на конвенционални проектили ОТОМАН 1 и 2 со домет до 1000Км. Активниот воен состав би се зголемил на 400.000 војници, додека резевниот состав би достигнал до 900.000 војници.
На полето на транспортот, Турција планира до 2023 година да ја доврши супер-брзата и модерна железница долга 14.000Км, која ќе ги поврзува градовите со брзина поголема од 400Км/ч. Моментално се во изградба автопати со вкупна должина од преку 16.000км, модерни пристаништа со поголем капацитет од постојниот, како и нови модерни аеродроми од кои оној во Истанбул се планира да биде најголемиот и технички најмодерниот аеродром во светот.
До 2023 година, Турција планира да ги прошири туристичките капацитети на 50 милиони туристи годишно (моментално имаат посета од 40 милиони туристи) со што би прераснала во 5-та туристичка дестинација во светот (моментално се на 7-мо место).
До 2023 година, Турција планира да пушти во погон 6 нуклеарни електрани, со вкупна моќност од 15.000 Мегавати, како и хидроцентрали со производство од 20.000 мегавати електрична енергија. Со ова, Турција планира да ја произведува најевтината електрична енергија во целиот нејзин регион. На полето на енергетиката, Турција планира и изградба на гасовод од Азербејџан.
На полето на индустријата, во Турција се отвораат повеќе големи челичарници, со кои Турција има намера да стане еден од главните понудувачи на челик на меѓународниот пазар.
На полето на образованието, Турција инвестира 100-тина милијарди долари во најнови и модерни учлишта, основни и средни, како и во најдобрите универзитети од кои 5 се комплетно нови, а треба да почнат со работа до 2023 година. Со таа цел, Турција има ангажирано многу квалитетен и стручен кадар од целиот свет.
На полето на здравството, Турција до 2023 година ќе отвори преку 500 болници, и 40-тина клиники, многу лаборатории и истражни центри, како и повеќе фабрики од фармацевтската индустрија и производството на технологија за медицински потреби.
Турција моментално инвестира во производство на авиони и хеликоптери за цивилни потреби, како и модерни бродови за транспорт на луѓе и стоки.
Крајниот ефект е зголемување на животниот стандард на 20.000 американsки долари по жител годишно во текот на наредната деценија (моментално е околу 9.000). Влегување на Турција во самитот Г7 (на место на Италија) како и промоција на Турската Лира како една од главните светски валути. Турскиот Бруто Домашен Производ би се зголемил од 800 милијарди долари, на близу 2 трилиони. Се на се, доколку планот на Тајип Ердоган успее, Турција би прераснала во една голема и сериозна супер-сила.