Регион 27. јануари 2020. / 17:57

Последната жртва пронајдена затрупана под урнатините од земјотресот во Турција

Последната жртва пронајдена затрупана под урнатините од земјотресот во Турција
Илустрација

Пронајдено и последното тело на лице по кое се трагало под урнатините од земјотресот кој ја погоди Турција во петокот, а во кој, според последните податоци загинаа 41 лице.

Спасувачката акција е прекината. Досега под урнатините се спасени 45 лица. Повеќе од 1.600 луѓе се повредени, од кои 86 се хоспитализирани, но никој не е во животна опасност.

Властите ги предупредија жителите да не влегуваат во оштетените згради поради опасност од уривање и нови потреси, па затоа многумина останале на отворено на температура која изнесувала минус шест степени Целзиусови.

Властите најавија дека ќе обезбедат финансиска помош за луѓето чии домови се оштетени. Околу илјада времени куќи ќе бидат изградени, а одделни училишта и џамии моментно се користат како засолништа изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени ја погоди во петокот вечерта провинцијата Елазиг, на околу 550 километри источно од Анкара, како и во соседна Малатија.