Регион 02. август 2018. / 14:12

Плоштадот во Благоевград спремен за Заев и Борисов

Плоштадот во Благоевград спремен за Заев и Борисов

Бугарските медиуми објавија дека се очекува масовна посетеност на заедничката македонско-бугарска прослава на Илинден во Благоевград.

Плоштадот бил детално исчистен, а хотелот каде што ќе бидат сместени македонскиот и бугарскиот премиер – Зоран Заев и Бојко Борисов, бил веќе проверен од обезбедувањето.

Ова е прва заедничка прослава на бугарско тло, согласно договорот со добрососедство, откако лани Заев и Борисов чествуваа заедно во Скопје.