Регион 25. март 2019. / 09:51

Паролата „Македонија е грчка“ забранета на воената парада во Атина

Паролата „Македонија е грчка“ забранета на воената парада во Атина

Денеска по повод 25 март, најголемиот празник на Грците – „Денот на независноста“, на добропознатата воена парада во Атина забранети се слогани против Скопје, по постигнувањето на Преспанскиот договор.

„Македонија … молчи“, гласеше коментарот на грчките медиуми, откако на вчерашната студентска парада, која за еден ден и претходи на грчката беше забрането да се изведува националистичкиот марш „Славна Македонија“ во Атина. Тој не се свиреше ниту од бендовите ниту од оркестарот на Филхармонијата. Ваква одлука, според протоколот, донеле општината и општинскиот регион, пренесе Фактор.

Грција ги презема сите мерки за на популарниот „охи ден“, да не се случи некаков инцидент кој обично во минатото го правеа специјалните поморски сили – „жабите“, кои вообичаено извикуваат погрдни пароли против Македонци или Албанци, без при тоа таквите инциденти да поминат со казна.

Сега со постигнувањето на Преспанскиот договор, воениот врв најавува дека ќе бидат санкционирани какви било ициденти, а испратена е и наредба со која се забрануваат секакви пароли.

– Зачувајте го достоинството и единството на оружените сили…ќе има дисциплински или кривични санкции доколку има инциденти. – се вели во наредбата на военото раководство.

Властите презедоа и дополнителни мерки на плоштадот Синтагма во Атина од каде се отстрануваат или ќе бидат остранети сите што сакаат да протестираат против Преспанскиот договор или да извикуваат дека „Македонија е грчка“.