Прашањето за оставка на Борисов не е на дневен ред. Тоа го изјави бугарската министерка за социјални работи Деница Сачева за БТВ.
– Сите опции се дискутираат, но ние мора да бидеме водени од друга цел, одговори Сачева на прашањето дали се разговара за експертски кабинет.
Таа додаде оти основната работа не треба да биде оставка, туку она што е корисно за секого – дебата за промени во Уставот, изборен законик што гарантира демократски избори, ажурирање на буџетот.
Денеска ќе бидат одржани 59-ти по ред протести во Бугарија со барање за оставка на премиерот Бојко Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев.