Регион 22. јануари 2021. / 09:22

Нов земјотрес погоди два грчки острови

Нов земјотрес погоди два грчки острови

Во морскиот дел меѓу грчките острови Крит и Касос, утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 4.5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил 48 километри северозападно од Касос, а засега, нема информации за повредени или материјална штета.