Регион 07. март 2020. / 11:05

Нереди на грчко-турската граница: Солзавец и шок бомби летаат на сите страни заради мигрантите

Нереди на грчко-турската граница: Солзавец и шок бомби летаат на сите страни заради мигрантите

Продолжуваат тензиите на грчко-турската граница. Проценката е дека во Грција, а потоа и понатаму кон Западна Европа се обидуваат да влезат околу 130 илјади луѓе кои сега се наоѓаат во Турција.

Станува збор за мигранти од различни националности, но повеќето се Авганистанци и Пакистанци, додека Сиријци има околу 5 проценти, а има и Турци кои со остатокот од мигрантите сакаат да заминат кон Европа.

Граничниот премин Кастањес се протега на 11 километри долгата копнена граница помеѓу Турција и Грција. Од утринава на самата граница се води вистинска „битка со солзавец“, имајќи предвид дека кон грчките безбедносни сили без престан паѓаат „бомби“ солзавец, но и шок бомби, пренесуваат медиумите.

На терен е службата на Европската унија за чување на границата, а денеска пристигнува и полска единица од Фронтекс.

Како што јавуваат репортерите, луѓето од пограничните села во Грција се ангажираат да и помогнат на војската и полицијата. Според последните информации од грчките власти, до сега се уапсени 268 лица, а спречени се 39 илјади мигранти да ја преминат границата.