Регион 06. февруари 2020. / 14:22

На тромеѓето Србија-Бугарија-Македонија има големи количини на злато

На тромеѓето Србија-Бугарија-Македонија има големи количини на злато

Канадската фирма „Медголд“ уште од порано наговестува дека во Јужна Србија има наоѓалишта на племенити метали.

Српски „Новости“ пишува дека на самата граница (тромеѓето) Србија-Бугарија-Македонија има големи количини на злато.

Фирмата информира дека на само една локација пронашле околу 7 милиони тони руда, со околу 680.000 унци, односно 19,3 тони злато вредно повеќе од милијарда долари. Испитувањата продолжуваат.