Регион 21. април 2019. / 17:33

На погреб е нападнат лидерот на главната опозициска партија во Турција

На погреб е нападнат лидерот на главната опозициска партија во Турција

Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија во Турција е нападнат додека присуствувал на погребот на војник, кој загинал во борбите против припадниците на забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

На видео снимки се гледа како Кемал Киличдароглу е удрен најмалку двапати, а обезбедувањето се обидува да го извлече од насобраниот народ.

Тој успеал да го напушти местото и да влезе во најблиската куќа. Гневните граѓани потоа се собрале пред куќата извикувајќи „Надвор ПКК“.

Сите се исплашивме поради инцидентот. Кемал Киличдароглу е добро. Однесен е на безбедно, истакна републиканскиот пратеник Левент Гок за „Хабертурк ТВ“.

Републиканската народна партија победи на изборите во Анкара и Истанбул.