Во Грција се наоѓаат речиси 70.000 мигранти, кои се движеат кон земјите од ЕУ, изјави денеска министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ.
Тој нагласи дека ова предизвикува загриженост во Босна и Херцеговина, бидејќи постои можност голем број од мигрантите на патот кон ЕУ да ја одберат балканската рута.
Мектиќ изјави дека покрај можноста за тргување на мигрантите кон ЕУ, загриженост предизвикува и „дневниот прилив“ на мигранти од Турција и Грција.
– Дневниот прилив на мигранти од Турција во Грција е близу 300. Се претпоставува дека ние би имале сериозни проблеми. Не постојат дефинитивни решенија за мигрантска криза. БиХ и натаму ќе биде жртва на проблемот, Бараме решенија- додаде Мектиќ.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу вчера соопшти дека лани во Турција биле спречени 268.003 мигранти во обидот да заминат во ЕУ, а дека бројката на вакви лица во првите пет недели од оваа година изнесувала 16.523.
Мектиќ на денешната прес-конференција се осврна и на проблемот со мигрантите што се наоѓаат во северозападниот дел на БиХ, од каде се надеваат дека ќе успеат илегално да преминат во Хравтска.
– Дел од овие мигранти во текот на оваа недела ќе ги вратиме во Сараево. Не можеме да ги затвориме мигрантските центри. На тој начин нема да решиме ништо- додаде Мектиќ.
Тој информираше и дека меѓу мигрантите сместени во прифатните центир биле идентификувани шест лица, кои „на одреден начин се поврзани со тероризм и некои терористички активности“.
– Во моментов се наоѓаат во имиграцискиот центар. Се проверуваат други податоци и други факти. Тие влегле во БиХ илегално. Ќе донесеме одлука за нивната судбина-истакна Мектиќ.