Тишина се спушти над куќата во Задат во која во неделата се одиграла стравична семејна трагедија.
55-годишниот Марио Јордан и неговата 28-годишна ќерка Луција Јордан во вторникот заедно се погребани на гробиштата во Задар. Таткто три дена претходно ја убил ќерката со два куршума од пиштол. Потоа излегол на тераса и си пресудил себеси со куршум во глава.
Марио бил морнар, а Луција работела во продавниа Со нивната смрт болната мајка и помалата сестра на Луција ќе останат без хранител. Таткото, инаку ловец, и ќерката често се карале поради нејзиниот начин на живот. Соседите велат дека кавгите биле почести, бидејќи мештаните се жалеле на нејзиното однесување. Била нервозна по природа и знаела често да западне во тепачки.
„Мештаните често му се жалеа на нејзиното однесување и му покажуваа компромитирачки фотографии и снимки од неа. Неодамна дозна дека боледува од тумор на мозокот. Кога псоледен пат се врати од море, Марио дозна дека Луција ја тепа и болната мајка, поради што таа дури била хоспитализирана на психијатрија, што очигледно ја прелило чашата. Тој ден слушнав пукотници. Си пресуди и себеси и на неа Страшна трагедија“, вели соседот за тамошните медиуми.