Регион 25. јануари 2020. / 16:21

Харадинај понуди помош од Косово за настраданите од земјотресот во Турција

Харадинај понуди помош од Косово за настраданите од земјотресот во Турција

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај изјави дека Косово е подготвено да ѝ помогне на Турција во регионите погодени од силниот земјотрес со хуманитарна помош и со абгажирање на оперративните единици на своите Безбедносни сили (ФСК).

Преку објава на својата страница на Фејсбук, каде што изрази сочувство за загинатите и повредените во земјотресот, Харадинај порача дека во оваа трагедија Косово стои покрај Турција.

– Со вознемиреност ја примив веста за земјотресот во градот Елазиг во Турција. Го изразувам нашето најискрено сочувство до турската држава, граѓаните и семејствата на жртвите и им посакувам брзо оздравување на повредените во овој трагичен настан. Моите мисли и молитви се со сите граѓани таму. Косовските институции се подготвени за потребната хуманитарна помош, вклучително и оперативните единици на ФСК. Во оваа трагедија Косово стои покрај пријателската држава Турција – напиша Харадинај.