Регион 20. јануари 2020. / 12:41

Европратеникот Ангел Џамбаски една година без возачка дозвола

Европратеникот Ангел Џамбаски една година без возачка дозвола

Европратеникот Ангел Џамбаски е казнет со 1.000 лева глоба (500 евра) и одземање на возачката дозвола во период од една година, јавуваат бугарските медиуми. Казната за Џамбаски стана позната, откако министерот за внатрешни работи Младен Маринов мораше да одговори на поставено пратеничко прашање во прламентот.

Џамбаски на 8 декемеври минатата година беше запрен од сообраќајната полиција и притоа беше откриено дека возел под дејство на алкохол.

Министерот Маринов посочи дека засега казната не е обжалена.