Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара ќе одговори на евентуални американски санкции поради набавката на руски одбранбен систем, како и поради гасоводот Турски тек, кој ќе носи руски гас во Турција.
Ердоган истакна дека договорот за купување руски систем С-400 е веќе завршен.
– Тие сега велат ’ќе воведеме санкции поради Турски тек. Тоа во целост ги крши правата на Турција. Секако и ние ќе имаме наши санкции против сè тоа – потенцираше турскиот претседател.