Регион 18. ноември 2020. / 10:38

БСП бара од Борисов да се обрати пред собранието по повод потезите против Македонија

БСП бара од Борисов да се обрати пред собранието по повод потезите против Македонија

Пратеничката група БСП за Бугарија повторно побара од Националното собрание лично да го слушне премиерот Бојко Борисов на тема Република Македонија и за позицијата на Бугарија за членството на нивниот сосед во Европската унија.

Премиерот Борисов нема да се појави во пленарната сала, но ќе бидат сослушани Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи и Красимир Каракачанов, министерот за одбрана.

Според заменик претседателот на Националното собрание, Кристијан Вигенин, владејачката партија повторно го скрила Борисов.

Според Вигенин, „откако позицијата на нашата земја е веќе заземена и објавена, се поставуваат други прашања во врска со идната политика на Бугарија кон нашиот сосед и во врска со проширувањето“.

– Ние веруваме дека дискусијата треба да биде посеопфатна, не конкретно за оваа позиција, туку за односите меѓу двете земји од сега па натаму. Затоа, сметаме дека треба да се одржи сослушување со премиерот Бојко Борисов, а не со вицепремиерите, како што е предложено од ГЕРБ, рече Кристијан Вигенин, пренесоа бугарски медиуми.