Регион 03. ноември 2020. / 09:30

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 102

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 102

Земјотресот кој во петокот го погоди Измир, третиот по големина град во Турција, однесе 102 човечки животи.

Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД), соопшти дека вкупно 143 лица се на лекување, односно од 1.026 повредени лица, а 883 луѓе се отпуштени од болница.

Активностите за пребарување и спасување во Измир се завршени во 12 од 17 згради, продолжуваат во уште пет згради.

Земјотрес со јачина од 6,6 степени во петокот го погоди Измир, третиот по големина град во Турција, каде живеат околу 4,37 милиони луѓе.