Македонскиот Премиер Зоран Заев на денешната средба во Скопје, со делегацијата на компанијата Мајкрософт што ја предводеше Филип Рог, претседател на компанијата за Централна и Источна Европа, изијави дека Владата финишира план за соработка со една од најмоќните ИТ компании во светот, при што нашиот интерес е целосна дигитализација на јавната администрација. Посебно внимание ќе биде посветено на сајбер безбедноста, и на можностите што Мајкрософт може да ги понуди на овој план
На средбата било истакнато дека воведувањето на модерна и технолошки напредна инфраструктура, со соодветно обучена администрација и пријателски дигитални услуги се предност и кога станува збор за привлекување на директни странски инвестиции, како и за приватните компании во земјата, на кои ќе им биде максимално олеснета комуникацијата и извршувањето на работите на инвеститорите низ дигитализираните процедури.
Од компанијата Мајкрософт потенцираа дека тие се запознаени и со внимание ја следат имплементацијата на владините програми за поддршка на ИТ компаниите и секторот и дека се подготвени да земат учество во поддршка на стартап компаниите и акацелераторите во бизнисот со информатичка технологија.