Македонија 19. мај 2020. / 09:55

Зоран Заев е осамен и изолиран во намерaта по цена на животи да оди на брзи избори

Зоран Заев е осамен и изолиран во намерaта по цена на животи да оди на брзи избори

По втората лидерска средба на која повторно партиските лидери не успеаја да договорат датум за избори, од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека Зоран Заев бил единствениот што инсистирал да има брзи избори во јуни, без оглед на тоа што здравствените показатели покажувале дека во тој период ќе постои сериозен ризик за граѓаните и за ширење на епидемијата.

Зоран Заев е исклучително нервозен затoа што е осамен и изолиран во намерaта по цена на животи да оди на брзи избори. Зоран Заев го носи народот на гилотина и во организирсно убиство само за да ја спаси фотелјата во СДСМ и издејствува помал пораз. Избори во јуни нема да има – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, тие се различни од СДСМ и во ниту еден момент не сакаат да си играат со здравјето на граѓаните. Тие се за избори на крајот на летото затоа што тоа е период кога, според здравствените експерти, здравствената кризаќе има најмал ефект.

Тоа е доказ дека за ВМРО ДПМНЕ е најважно здравјето, дека е убедено во поддршката од народот и не бега од избори. Од друга страна нервозата на Заев, тресењето на вилицата и жолчноста покажува дека Заев сигурно губи и дека сака во период на најголемата жестина на кризата да организира избори со мала излезност. Има ли пилот во таа партија. Неговиот советник Бетиќи вели дека на крајот на август и септември кризата ќе има најмало влијание за здравјето на граѓаните, а Заев го вели спротивното – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакнуваат оттаму, нема ниту еден аргумент за Заев да го понуди во поткрепа на трврдењата зошто крајот на летото да не биде период кога ќе се организираат избори.