Македонија 30. март 2020. / 11:06

Знамето на Македонија денеска ќе се развее пред седиштето на НАТО во Брисел

Знамето на Македонија денеска ќе се развее пред седиштето на НАТО во Брисел

Под мерки на претпазливост поради ширењето на вирусот Ковид-19, денеска во седиштето на НАТО ќе се случи церемонија за подигнување на знамето за одбележување на пристапувањето на Македонија во алијансата.

Церемониите за подигнување на знамето ќе се одржат истовремено, во 15 часот, во седиштето за командни операции на сојузничките сили (SHAPE – Mons) и во седиштето за трансформација на сојузничките команди (Норфолк).

Најавено е обраќање на генералниот секретар на НАТО и делегацијата од Македонија во НАТО.

Во седиштето на НАТО се воспоставени мерки на претпазливост за да се ограничи натамошното ширење на вирусот Ковид-19, вклучително и ограничен пристап до посетители, медиуми и останат персонал. Овие правила следуваат по ограничувања на движењата наметнати од белгиската влада од 18 март.

-Имајќи ги предвид овие мерки, нема да има можност за медиуми, се вели во соопштението на НАТО

Настанот од седиштето на НАТО ќе се пренесува во живо на веб-страницата на НАТО.