Македонија 27. февруари 2019. / 17:39

„Знаеш ли ти кој е Зоран Заев, па така што пишуваш?“ – вака полицијата ги третирала младите од ВМРО-ДПМНЕ!

„Знаеш ли ти кој е Зоран Заев, па така што пишуваш?“ – вака полицијата ги третирала младите од ВМРО-ДПМНЕ!

Организациониот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Миовски, кој заедно со уште неколку сопартијци денеска беше уапсен, објасни како полицијата ги третирала во станица.

Миовски, како и останатите утринава беа уапсени од страна на полицијата поради наводно пишување на графити во Аеродром. Малтретирањето во станицата траело 4 часа, а полицајците го прашале младиот активист на опозицијата дали знае тој кој е Зоран Заев.

Полицијата го обвинила Миовски дека го имало на камери како го пишува графитот, а тој тврди дека тој ден воопшто не бил во Скопје.

– Крвави ти се рацете Заев!!!

Благодарност за поддршката од мојата партија, моите пријатели и револтираните граѓани! По 4 часа психичко малтретирање излегов од полициската станица во Ново Лисиче.
Утринава, четворица полицајци дојдоа во мојот дом да ме бараат затоа што во петокот некој напишал графит во Аеродром на кој пишува “Крвави ти се рацете Заев!”. Јас во петокот не бев во Скопје туку на терен со моите сопартијци во Прилеп и Битола, ама тоа за криминалниот авторитарен режим е неважно.
“Знаеш ли ти кој е Зоран Заев па така што пишуваш”, ми рече еден од полицајците во станицата. Да, го знам и крвави му се рацете иако јас не сум го напишал графитот. Ме лажеа дека ме имало на камера, иако потсетувам дека не сум бил ни во Скопје. – напиша на Фејсбук Миовски.

Организациониот секретар на УМС кажа дека за оваа драма нема да им простат.

– На крај се заврши, јас и моите браќа од УМС Аеродром излеговме од станицата, драмите со полиции по дома за една обична глупост и немирот и траумите низ кои поминуваа нашите семејства кои гледаа како не третираат како најголеми криминалци а не млади луѓе кои се борат за подобар живот во Македонија – нема да ви ги простиме.
Не ви се плашиме!
Да живее УМС!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Македонија! – стои во постот на Миовски.