Рано утринава околу 4 часот силен земјотрес ја погоди соседна Албанија близу границата со Македонија, а според Управата за сеизмологија тој бил со јачина од 4.4 степени според Рихтеровата скала.
Почувствуван е и во Охрид, Струга како и другите градови во Југозападна Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил на 22километри од градот Подградец во Албанија на длабочина од само 2 километри.