На овој начин се до 2017 година, градот и граѓаните го славеа заштитникот и патрон на градот Св. Пантелејмон , вака го започна Фејсбук постот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ Велес.
Овие две години, откако СДСМ, партијата која го презеде раководењето со градот, партијата која се откажа од секоја македонска светост, на чело со градоначалникот Аце Коцевски и неговите советници и неспособна администрација овој свет празник го направија само еден обичен ден. Ден како и сите други – монотон и стерилен. Очигледно, целта на властодршците е да се заборави се што е свето, се што е македонско и што претставува традиција на еден народ. Обидот за системско уништување на народот продолжува и понатаму преку укинувањето на регатата во чест на Гемиџиите, укинување на ФАД Стоби, уништување на спорот, не чествување на велешките борци, дејци итн. Верата и културата се столбот што нѐ одржува низ годините и вековите, и ни дава белег како народ, ни дава самоидентификација и континуитет на постоење. Истите тие вредности се оние кои сме ги примиле од претходните, и ќе ги пренесеме на идните генерации. Неработењето на градоначалникот кое всушност е главна негова одлика во овој негов мандат, нема да ги запре овие традиции, нема да ја победи љубовта на народот и да создаде колективна амнезија. Да ни е вечен празникот на градот, за многу години!, напиша Здравковски.