Македонија 20. октомври 2019. / 19:26

Заврши првиот дел од лидерската средба: Во вториот ќе се договара датум за избори

Заврши првиот дел од лидерската средба: Во вториот ќе се договара датум за избори

Во првиот дел од средбата со државниот врв се разговорало за усвојување на декларација со која ќе се потврдат заложбите за евроинтегративниот пат. Сите лидери биле согласни тоа да се поддржи, брифираат за „Лидер“ од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според нашиот брифинг, Христијан Мицковски побарал од лидерите да се реагира на декларацијата на Бугарската влада која усогласи документ во која се наведуваат серија услови и закани за блокада на Скопје на патот кон ЕУ.

Во истата се наведува дека не смее да се споменуваат македонскиот јазик и „бугарскиот фашистички окупатор“. Начелно на тоа се согласиле останатите лидери.

Во вториот дел ќе се договара датумот за избори, позоциите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни дека изборите се логичен след по поразите на оваа влада. Тие да бидат организирани согласно уставните и законските норми. И дека нема време за губење, оаобено што следува период на реформи кои мора да обезбедат напредок. – стои во брифингот од партијата.