Македонија 29. февруари 2020. / 12:21

Заплената на кокаинот вреден 250 милиони евра поврзан со апсењето на Црногорецот во Македонија?

Заплената на кокаинот вреден 250 милиони евра поврзан со апсењето на Црногорецот во Македонија?

Заплената на повеќе од пет тони кокаин во водите на Аруба, при што се уапсени морепловци од Црна Гора, се поврзува со заплената на килограм кокаин во Македонија кога исто така уапсен е еден Црногорец и тројца Македонци, пишува порталот „Србија Данас“.

Петте тони кокаин кои властите во Аруба ги пронајдоа на 25 јануари, кога пресретнале теретен брод кој пловел под знаме на Камерун, не е конечниот биланс на најголемата заплена во историјата на оваа островска земја, пишуваат тамошните медиуми. Иако на бродот „Ареса“ се пронајдени 5000 килограми, се верува дека во пловилото се наоѓа уште дрога, така што пловилото, долго 95 метри и широко 13 метри, се уште се пребарува.

Во меѓувреме, медиумите во регионот објавија дека во меѓународната акција уапсени се Андреј Мугош (30) од Подгорица, Драган Машановиќ (46) од Бар, Никола Маркиќ (29) од Котор, Видое Латковиќ (42) од Котор, Михаило Ѓоргевиќ (58) од Котор, Васко Радојниќ (50) од Котор, Драгољуб Живковиќ (67) од Ветиња и Трипо Бискуповиќ (37) од Котор.

Интересно е дека холандски портал исто така објави дека заплената на кокаинот е поврзана со апсењето во Македонија на 20 февруари кога се приведени четери лица, тројца Македонци и еден Црногорски државјанин – заради шверц на килограм кокаин во товар банани кој допатувал преку пристаништето во Бар.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев тогаш, на прес-конференција за медиумите, рече дека килограмот кокаин е дел од поголема количина дрога која требало да заврши во Македонија, но дека повеќе детали не може да сподели како истрагата не би била загрозена.

Кокаинот запленет во Крушопек, дел од поголема пратка која требало да заврши во земјава

За потсетување, на граничниот премин за влез во Македонија контролирано е возило од марката на „ивеко“ со приколка која превезувала банани, зад чии волан бил Јован К. (31) државјанин на Црна Гора. По формалностите на царината, тој се упатил кон селото Крушопек каде е запленета дрогата и уапсени се уште три лица.

Бродот „Ареса“ испловил под знаме на Камерун од Суринам, потоа застанал во Венецуела и продолжил кон Грција каде му била крајната дестинација, но е пресретнат во водите на Аруба. Најпрво е пронајден еден тон кокаин, но рпетресот и понатаму трае. Во акцијата учествуваат полициите на повеќе земји.

Црногорската полиција соопшти синоќа дека до апсењето дошло благодарение на информациите кои ги понудиле безбедносните служби на Велика Британија, како и дека бродот е следен за време на целата рута од моментот кога испловил.