Македонија

Заев: За обвинувањата кон Анѓушев нема докази

Заев: За обвинувањата кон Анѓушев нема докази

Откако опозицијата во Грција дигна огромна прашина барајќи го на увид договорот за продажба на компанијата ЕДС на вицепремиерот Анѓушев на грчката државна Паблик Пауер Корпорејшн, премиерот Заев претпазлив. Откако во неколку наврати го бранеше својот прв човек за економски прашања кога негови фирми добиваа грантови или победуваа на државни тендери, сега вели дека вината на Анѓушев се уште не е докажана.

Заев редовно ќе го следел процесот и ако имало потреба ќе реагирал.

Инаку грчката опозиција обвинува дека зад продажбата на ЕДС се крие политички пазар, а не бзинис потег, бидејќи договорот се реализираше на само два месеца пред потпишувањето на преспанскиот договор. Опозицијата бараше од Ципрас да одговори зошто била купена компанијата на Анѓушев кога според финансиските извештаи имала негативни резултати во работењето. Грчки Скај дури објави и документи, кои покажуваат дека ЕДС работела со загуби и со минимален пазарен удел. Иако компанијата прокнижила огромни загуби во 2017-та, била купена за 4.8 милиони евра.

Од грчкото државно електростопанство се барало и доказ за транспарентноста на процесот, но на барањето се уште не е одговорено. Според текстот на Скај, парите легнале на лични сметки на Анѓушев, а не на групацијата од која била дел ЕДС.
Анѓушев им ја продаде ЕДС на Грците за да избегне судир на интереси откако јавноста во неколку наврати бурно реагираше на сите тендери кои ги добиваа негови фирми. ЕДС ја продаде, а се откажа и од менаџерските позиции во многу свои фирми, кои сепак потоа продолжија да конкурираат за државни пари.