Законот за јавно обвинителство во кој е скроена и судбината на СЈО веќе е во Собранието. Од кабинетот на спикерот Џафери велат дека ќе се најде на собраниска седница по лидерските консултации. Откако вчера ВМРО-ДПМНЕ побра лидерска средба, денеска премиерот Заев, по трибината во Кавадарци, рече дека средба за СЈО ќе има.
Премиерот Зоран Заев денеска од Кавадарци најави лидерска средба, одговарајќи на новинарско прашање дали лидерите ќе се сретнат во врска со СЈО, како што побара ВМРО-ДПМНЕ.
-Секако, време е да оддржиме лидерска средба. Едно заради реформите и реформските закони во Собранието, второ, заради претстојните претседателски избори. И трето, вредно е да се разговара за кое било отворено прашање. Јас секогаш давам шанса на дијалогот. Дијалогот е од помош за нашата земја, за сите отворени прашања. Верувам дека во најскоро време ќе се одржи лидерската средба, како одговара и за шефот на опозицијата. Заедно ќе се прилагодиме, за да можеме да ја одржиме таа лидерска средба- изјави Заев.
Премиерот Зоран Заев денеска од Кавадарци најави лидерска средба, одговарајќи на новинарско прашање дали лидерите ќе се сретнат во врска со СЈО, како што побара ВМРО-ДПМНЕ.-Секако, време е да оддржиме лидерска средба. Едно заради реформите и реформските закони во Собранието, второ, заради претстојните претседателски избори. И трето, вредно е да се разговара за кое било отворено прашање. Јас секогаш давам шанса на дијалогот. Дијалогот е од помош за нашата земја, за сите отворени прашања. Верувам дека во најскоро време ќе се одржи лидерската средба, како одговара и за шефот на опозицијата. Заедно ќе се прилагодиме, за да можеме да ја одржиме таа лидерска средба-рече Заев.
Генералниот секретар на СДСМ Кирацовски најави дека ќе бидат прифатени технички но не и суштински измени во Законот за јавно обвинителство. Вчера ДУИ рече дека се за лидерска средба бидејќи Законот треба да ја добие поддршката од сите политички партии. Убедени се дека ВМРО-ДПМНЕ како што дало согласност за формирање на СЈО пред четири години тоа ќе го направи и оваа година затоа што во септември истекува мандатот на СЈО, а во јуни се очекува потврда на датумот за отпочнување на преговори со ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ порача дека дреба лидерска средба исто како и во 2015 година кога се формираше СЈО.