Премиерот Зоран Заев денеска во Штип ќе одржи работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев придружуван од министерот Димковски, од градоначалникот Бочварски и од директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ќе оствари средба и со граѓаните на Штип и ќе ги посети локалните дуќани во централното градско подрачје.