Македонија 16. декември 2018. / 21:30

Заев утре нема да се сретне со Борисов

Заев утре нема да се сретне со Борисов

Одложена е средбата во Сандански, Бугарија, меѓу премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов. Владината служба соопшти дека средбата е одложена поради ненадејната загуба на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојановски, комеморацијата и погребната церемонија која е предвидена да се одржи во понеделник (утре).

Владината делагација предводена од ПВРМ Зоран Заев, заедно со бугарската делегација предводена до премиериот Бојко Борисов требаше да присуствува на настанот за отворање на делница од автопатот во Р. Бугарија, кај Сандански.