Македонија 09. октомври 2019. / 12:25

Заев утре на средба со Вучиќ и Рама во Нови Сад

Заев утре на средба со Вучиќ и Рама во Нови Сад

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, и премиерот на Албанија Еди Рама, ќе одат во официјална посета на Србија. Тие во четврток во Нови Сад ќе треба да се сретнат со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Трилатералниот состанок ќе се случи утре во 9 часот во официрскиот павиљон на тврдината „Петроварадина“.

По завршувањето на средбата, челниците на трите земји ќе се обратат пред медиумите.