Македонија 20. октомври 2019. / 21:13

Заев соопшти дека ќе се повлече од премиерската функција на 3 јануари

Заев соопшти дека ќе се повлече од премиерската функција на 3 јануари

Учесниците на лидерската средба што вечерва се одржа во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, се договорија на 12 април 2020 година да се одржат предвремени парламентарни избори.

Како што соопшти премиерот и лидер на СДСМ по средбата, Зоран Заев, лидерите постигнале консензус предвремените избори да се одржат на 12 април следната година, поради што согласно договорот за т.н. Пржинска влада, тој ќе се повлече од премиерската функција на 3 јануари.

На средбата кај Пендаровски учествуваа лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски, а од партиите на Албанците присуствуваа првите луѓе на ДУИ, Али Ахмети, на БЕСА, Билал Касами, на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши и на лидерот на ДПА, Мендух Тачи.